Фондацијата Виа Егнациа е создадена да внесе и инспирира нов живот во овој стар пат

Цел на Фондацијата Виа Егнациа е да го зголеми интересот за регионот околу Виа Егнациа е да даде свој придонес кон развиток на овој регион. Официјанлите цели на фондацијата се: ˝ Стимулирање интерес за регионот околу Виа Егнациа  и развој на истиот во сферите на културата, економијата и социјалата преку публикации, истражувања, образование, реставрација, изложби и слични активности  кои би допринеле кон зголемување за интересот и развиток на регионот.˝ Накратко, Фондацијата Виа Егнациа (Ф.В.Е.) се стреми кон ПОВРЗУВАЊЕ и РАЗМЕНА. Поточно ова би значело размена на знаење и културни добра помеѓу луѓето кои живеат долж Виа Егнациа но исто така и помеѓу овие луѓе и западните земји. Ф.В.Е. се стреми да иницира еден процес на истражување и дијалог во врска со целите на фондацијата и потоа да направи извештај за овој процес. Фокусот ќе биде на секојдневниот живот долж патот кон се што се однесува на трговијата, јазикот, религијата, уметноста и музиката. Овие теми ќе бидат истражувани преку интервјуа со локалните жители и преку истражување на разни историски ресурси. Патот Виа Егнациа ќе ни служи како патоказ и симбол за интеракција и комуникација. Се надеваме дека ќе иницираме долгорочен процес на развој и соработка и на овој начин да го вдахнеме стариот пат со нов живот.

Ќе има состаноци и писма, книги и документарци, концерти и изложби. Ќе има истражувања и конференции. И секако ќе има и многу патување по самиот пат Виа Егнациа пред се пешки но и со коњи, виртуелно или со кола.

Фондацијата веќе има создадено контакти и соработка со разни интелектуалци, професори и експерти за различни аспекти на социјалниот, историскиот и културниот живот на земјите кои се наоѓаат на патот.

За крај да разјасниме и кои НЕ се целите на Фондацијата Виа Егнација. Сите активности на Виа Егнациа не се профитабилни активности.   Ние сме фондација и нема да има никаков личен финансиски ќар за било кој од партиципантите. Целта исто така не ни е туристичка. Нашата примарна цел е размена и развој. Исто така ова не е политичка активност. Ние нема да завземаме страни, нашата цел е да создадеме интернационална соработка, да избегнуваме меѓусебни спорови и наместо тоа да се фокусираме на заедничките интереси. Крајната цел на сите активности на ФВЕ е да стимулира спознавање и валидација на културното единство но истовремено почитувајки ја етно-културната различност во регионот.

Активностите на ФВЕ се срдечно поддржани од Г-дин Макс Ван Дер Штул, поранешен министер за надворешни работи и прв комесар за етнички малцинства на ОБСЕ и специјален советник на Европската Унија и од Г-дин Роланд Бимо, амбасадор на Албанија во Кралството Холандија.