Виа Егнациа во минатото претставувал пат par excellence со тоа што овој пат бил врската помеѓу Западното и Истчното Римско царство. Изграден во третиот век п.н.е. (за време на конзулот Егнатиус) овој пат е продолжение на Виа Апиа (Via Appia) и поминува низ Балканот почнувајќи од Дуреш во Албанија преку Македонија и Северна Грција се до Истанбул (Константинопол) во Турција.
Првенствено овој пат бил направен за потребите на војската но исто така имал и голема економска и социјална улога во период подолг од два милениума. По падот на Римската империја Византијците ја преземаат улогата назаштитници на овој пат. По Византијците доаѓаат Османлиите кои ја користеле Виа Егнациа за испраќање на своите војници даночници и трговски каравани.
Виа Егнациа била користена од војници, крстоноци, проповедници и свештени лица, бандити, трговци и селани кои оделе да пазарат. На патот исто така често се среќавале даночници, каравани кои понекогаш броеле и до двестотини магариња и мулиња кои биле натоварени со вина, дрва и сулфур, кожи и разни други производи. Значи патот се користел и за локални но и за подалечни патувања. Патниците на патот биле од различни етнички групи Грци, Евреи, Власи и Помаци, Турци, Венецијанци, Египјани и Роми кои секојдневно се разминувале на Виа Егнациа. Исто така до неодамна овој пат бил користен и од многу понови миграциски групи како на пример Еврос-Грците кои ја напуштиле својата земја во шеесетите и (голем дел од нив) се вратиле во последната декада. Накратко, Виа Егнациа претставува вистински транс-Балкански автопат во различни историски интервали во зависност од политичите и географските околности.